CALIFORNIA 1400 CUSTOM

1400 CUSTOM

Препорачана готовинска цена до регистација
 
000.000,00 МКД

Moto Guzzi California Custom не е спортска верзија на Touring туку нејзина ''непослушна” сестра кога е во прашање стилот, темпераментот и намерите. 

Оваа верзија нема да го размази возачот со обилната техологија, туку ќе го освои со своето срце, впечатлив и чист дизајн. Двете тркала, погонскиот агрегат, седиштето и управувачот, тоа е се што е потребно. Се е подредено на чистата форма и функционлност со познатата италијанска смисла за естетика и големо внимание на детали.  
Доволно е да се погледне седиштето со Moto Guzzi втиснат натпис, искривениот управувач и задниот амортизер со надворешен резервоар, црно лакираните тркала со црвени Moto Guzzi логотип и црни ретровизори кој со минималистичката графика ќе ве освои. 

Во споредба со Touring верзијата на спортското седиште ќе се седи позади искривениот управувач и поблиску со задното тркало. 

Ќе бидете опкружени со звук од силниот погонски агрегат кој е подготвев на патиштата да испорача вртежен момент од 120 Нм при само 2.750 вртежи/мин или ќе го зголеми бројот на вртежи, додека слушате како клиповите со дијаметар од 104 мм го покренуваатвеличенствениот V 90° погонски агрегат од Mandella del Laria.
Возењето на отворен пат со звучниот мотоцикл кој многу лесно може да обезбеди силно забрзување како и одлично возење низ град додека уживате во звукот карактеристичен за агрегати од Mandella.

Минималистичкиот дизајн  дополнително ги налгасува техничките решенија кои до сега не се забележани на конкурентските мотоцикли. California Custom, исто како и Touring верзијата, е сериски опремена со темпомат, MGCT контрола на пролизгување која може да се приспособи на три нивоа и Ride By Wire системот кој овозможува прилагодување на агрегатот во три нивоа. 
Како возачот може да ги приспособи возните карактеристики на Californiа Custom со својот стил на возење и услови така може да ги приспособи и своите способности со најбогатата додатна опрема некогаш понудена од некој Moto Guzzi мотоцикл.