CALIFORNIA 1400 TOURING

Препорачана готовинска цена до регистација
 
000.000,00 МКД

Бескрајни хоризонти

Чувство на авантура и луксус во совршена хармонија. Овие основни карактеристики овозможуваат истражување и патување во бесконечни хоризонти и максимална удобност. Техничките решенија, новите механички компоненти и иновативниот но препознатлив дизајн го Californiа 1400 предводник  во понудата на патни мотоцикли и референтни мотоцикли во класата. Touring а најкласичната верзија на Californiа, наменета на оние кои многу патуваат со високо ниво на удобност, заштита од ветар и можност за превоз на багаж каков што само Moto Guzzi може да понуди. 

Покрај привлечната ''Patrol''шофершајбна, дополнителни кромирани светла, страничен багажник со волумен 35 литри гоштитат погонскиот агрегат  и багажникот, овој заводлив и технолошко напреден мотоцикл опремен е со најголемиот европски V-Twin погонски агрегат кој и покрај целодневното возење ќе обезбеди забрзување со кој ќе ги остави останатите возила позади себе. 

Сетилата ќе уживаат и со изгасен мотор, кога мотоциклот ќе стои покрај вашето омилено кафуле или во вашата гаража во која можете да го истажувате мотоциклот до најситниот детал. Тука навистина имате што да видите, од погонскиот агрегат до конструкциските детали или технолошки решенија како што се, по прв пат во оваа класа на мотоцикли, можноста да се избере нивото на работа на моторот Turismo, Velocce и Pioggia или темпомат кој е заедно со електронскиот систем против кражба како дел од стандардната опрема. 
Богатиот пакет на стандардна опрема не ја исклучува можноста за дополнителна персонализација на мотоциклот по сопствените потреби и желби. Каталогот за дополнителна опрема  никогаш не бил по опсежен за Moto Guzzi мотоциклите. 

Guzzi спортскиот издувен вентил, кромирани и брусени компоненти, седиштето обложено со различни материјали, како и апликацијата за iPhone која го претвора вашиот iPhone уред во дополнителна инструмент табла со податоци за навигација, патен компјутер и технички податоци. 

Посебно внимание е посветено на концептот за комбинација на две бои. Белиот мотоцикл е украсен со темни црти на резервоарот за гориво исто како кај историската верзија на California Highway patrol, а класичната црна боја е украсена со бели црти кои подсетуваат на оригиналната верзија на моделот V7 и Californiа 850.