GRISO 1200 8V S.E

 
Препорачана
готовинска цена до регистација

000.000,00 МКД

Неспоредлив
стил

Од еден од најгенијалните и најхрабри
мотоцикли на Moto Guzzi од модерното време е направен моделот Griso 8V 1200
S.E. Ова специјално издание ќе стане колекционерски предмет.

Силните карактеристики изразени во
неконвенционалниот стил на моделот Griso, овде е зголемен со софистицираниот
распоред на боите "Tenni", во сатенско зелени нијанси кои се
елегантни во контраст со многуте метални делови обоени во црнол како што се
шасијата, тркалата, предните вилушки  и
управувачот.

Помеѓу деталите кој го прават вистински
"вонсериски" модел е и рачното шиено седиште, кое е изработено од
скај, шармантни тркала и декорација во боја комбинирата со идентификациониот
симбол на возилото. 

Модерниот V-twin мотор со 90° од серијата "Quattrovalvole",
со максимална сила од 110 КС при само 7.500 вртежи/мин, моделот Griso 8V 1200
SE ги изразува своите перформанси на патот на елегантен и моќен начин, како би
се ценела моќноста на циклистиката која е во состојба да ја држи под контрола
целата коњска сила. Благодарение на шасијата со двојна греда од челик со висока
отпорност со дебело црево, каде ребрастиот дел не е резултат на едноставен
естетски предлог, туку претходно се пресметани како целите би имале висока
цврстина во торзиониот момент на виткање.

Нормите на циклистиката се дефинирани со подобрување
на стабилноста, со агол на управувачот од 26° и со пат од 108 мм со
меѓуосовинско растојание од 1544 мм. Меѓутоа моделот  Griso 8V 1200 SE е изненадувачки лесен за
управување и неверојатно брз во промена на смерот.

Oвој
фантастичен naked модел гoкористи нискиот центар на гравитација и цврстите предни вилушки што
прават непосреден и јасен одговор на притисокот на управувачот. Овде се работи
за вистинки "скалпел " на две тркала кој е во можност да го задоволи
естетското возење кој е во потрага за совршената стаза.

Неспоредливо
единствен стил

Покрај моделот Griso 8V 1200 SE, Moto Guzzi ја
потврдува идејата за едноставен и неповторлив стил, каде концептот и неговата
реализација се изразени без компромис, без технички, историски и културни
обврски.  Тоа е мотоцикл со инстикти,
изворен и чист како солза, многу силни карактеристики. Изработен на таков
начин, со накривени форми кои се одразуваат помеѓу кромираните делови и
елегантното дотерување како секој пат би можело да се открие некој нов детал.
Погледнете го резервоарот за гориво кој има изразена моќ на рамката и се
истакнува со својата убавина. Тоа е машки мотоцикл, долг и силен, јасен и
препознатлив во масата каде се чини дека моторот со 4 вентила на магичен начин
се нашол во рамката на шасијата, која го држи високо, како да сака да ги покаже
неговите револуционерни облици.  Доволен
е само еден поглед на дебелите ребрасти црни цилиндри, кои се свртени кон
ветарот како би се забележало вниманието на детали кои ги постигнуваат свои
врвни моменти во изведбата на издувниот вентил. Кога фокусот ќе се префрли на
перформансите на стазата, дури ни складните компоненти веќе не се сметаат за
технички детал, туку чуство за стил. Тоа е случај со предниот дел на
мотоциклот, што се очекува од тркачки мотоцикл, со превртена предна вилушка и
сопирачки со радијални клешти. Визуелната симфонија е потполнета со спортско
вметнатото седиште и страницните отплати и со новите измени на управувачот како
би се подобрила аеродинамиката на возачот.

Тоа се детали на моделот Griso 8V 1200 SE со
кој овој мотоцикл освојува уште пред да се испроба. 

Удобност.
Ергономија на задоволството

Доволно е да седнете на седиштето на Griso
1200 8V и да се почувствува колку е единствен за време на возењето. 

Со обновено седиште и странични отплати и
спортски управувач новиот Moto Guzzi го мами возачот со маестрален поглед на
инструментите и управувачкиот систем кои се кромирани, со сатенски премаз и
елоксиран. Зад управувачот на Griso-a 1200 8V SE изненадува величенственото
седиште кое е поставено на ниско тло од 800 мм, и редезијн на страничната
отплата кои го олеснуваат движењето во текот на возењето, додека позицијата на
држачот за нозе е повисок и поставена кон напред. Се работи секако за спортска
позиција при возењето, каде возачот е дел од самиот мотоцикл подготвен со
нозете да се потпре на држачот а телото е благо позиционирано напред кон
управувачот, кој е сега помал во широчина и со странични краеви кои
обезбедуваат совршена рачка.

Таквото подесување се покажа како идеално за
стаза, со безопасна леснотија благодарение на предните тркала чие управување е
прецизно со поткрепа на гумите. Мотоцикл за хедонистичко возење со одличниот
звук на новиот ''Quattrovalvole'', кој повикува со својот сигурен изглед, да се
соочи со најтешките стази, како што е градскиот превоз, со помош на
извондредната брзина при промена на правецот, острината на предната суспензија.
Тоа незначи дека моделот  naked на
Mandellа неможе да се приспособи на "флексибилното" возење. Тоа во
суштина се моменти во кои со новиот ''Qattrovalvole'', можете да се изгубите во
деталите на заводливиот стил, во завршната обработка и во целокупните
инструменти. Тоа е простор каде возачот е во потполна хармонија со својот
мотоцикл, кој изгледа одлично, може да биде многу брз и ефикасен а истовремено
и комфорен и послушен, во случај кога се две личности на седиштето. Но сигурно
дека магијата на новиот модел Griso 1200 8V SE неможе да се објасни се додека
не се седне зад управувачот и не се истражат можностите на истиот.

Циклистика.
Скалпел за асфалтот

Долгиот и низок профилнесмее да ве
излаже:  Griso 12000 8V SE е толку
ефикасен во текот на возењето што можат да му бидат љубоморни и супер
спортските мотоцикли. Тајната е во двојната греда на рамката од челик со висока
отпорност каде ребрастите делови не се само резултат на едноставни естетски
предлози, туку е планиран за добивање голема цврстина на торзиониот момент.

Циклистиката е поставена така што помага при
стабилноста, со управувач под агол од 26° и патека од 108 мм со меѓуосовинска
разлика од 1544 мм. Меѓутоа Griso 8V 1200 SE е изненадувачки управлив и искрен,
дури и кога многу брзо се менува насоката.

Однесувањето добиено со искористување на
нискиот центар на гравитација и цврста предна вилушка, дава непосреден и јасен
одговор на притисокот на управувачот. Предниот крај е залепен за патеката
благодарение на превртената вилушка која произлегува од натпреварувачкиот
модел, со размер 43 мм, прилагодена на тврдината на опругите, компресијата и
амортизерите. Прогресивната кинематика на задната суспензија со која управува Boge
единицара има три класични прилагодувања. Подобрувањето на суспензијата секогаш
бара поголема енергија, било кога излага од свиок, каде што е потребно работење
на 100-те коњски сили кои се обезбедени од моторот  ''Quatrovalvole" или при сопирање каде
се користат Brembo сопирачки. Истите доаѓаат до израз и по ефикасноста и по
естетиката, благодарение на новиот систем со радијални клешти кои ги стискаат
дисковите за подобра распределба на топлината.

Истото важи и за самата циклистика, каде доста
е важна целовитоста а во тоа не заостанува моделот Griso за споредба.

Мотор и
пренос, подигнат на Н-ти степен

Претставен во септември 2006 година, моторот
со 4 вентила по цилиндер претставува последна фаза во еволуцијата на
легендарниот V-twin мотор од 90°. Од самото прикажување изненади со содржината
и перформансите, најефикасниот мотор некогаш произведен за сериските мотоцикли
на Moto Guzzi, добиен со пренос на еинечните брегасти осовини по глава, со 4
вентила по цилиндер, со агол од 15,5° за издувување, односно 16,5° за
усисување.

Се работи за рафинирана механика, единствена
во светот на мотоциклизмот по проектирање и архитектура, која меѓу своите
највредни делови го проследува дистрибуцискиот систем кој управува со "Morse"
ланците со хидраулични стопала, клипови во 3 сегменти на разладување, лесен
вентил од  5 мм, опруги на вентилот кои
ја елиминираат резонанцијата и загубата на сила при големи брзини.  Подмачкувањето и разладувањето го
обезбедуваат две завојни пумпи кои ги активираат жупчаниците низ кои поминува
масло во посебна глава кои би достигнале до издувниот вентил, точка во која се
создаваат поголеми температури. Посебен модерен дизајн за разладување во насока
на возењето, додека поклопните вентили, на кои стои натпис "Quattrovalvole"
опремени со пливачки систем кој ја намалува механичката бучава. Во однос на
снабдувањето, моторот "Quattrovalvole" воведе примена на нов Marelli
IWP 189 вбризгувач позициониран на доводот со размер од 50 мм. Потврда за
квалитетот на менувачот е шестостепен 
рачен менувач, со повеќе предности: тивок, едноставен во пронаоѓање
празен дел и точен благодарение на воведување на меки спојки со една ламела.

Резултат на толкавата еволуција е вонеговата
синтеза на броевите, со импресивни 110 КС кои се испорачуваат при 7.500
вртежи/мин, со најголем вртежен момент од 108 Нм при 6.400 вртежи/мин,
вредности кои го доведуваат V-twin во ексклузивниот клуб на Mandellна најмоќни
мотори со воздушно разладување кои се некогаш произведени. Со завршен пренос на
суспензијата од 12/44 може да развива повеќе од 230 км/час. Податокот е ирелевантен
за употреба на патека и тоа го става во непосредна перцепција потенцијалот на
новиот Griso 8V 1200 SE.