NEVADA 750 CLASSIC

Препорачана готовинска цена до регистација

000.000,00 МКД

Убав на изглед, едноставен за возење

Убав на изглед, едноставен за возење, својствено на својот ретро изглед, кој никогаш не престанува да воодушевува, моделот Nevada Classic 750 е custom мотоцикл во вистинска смисла на зборот. Филизофијата на возењето во смисла на потполно опуштање совршено го претставува моделот кој во текот на годината се подобрува во дизајн и технологија. Неговата силна точка е управливоста, контролата при мали брзини што го олеснува намалената висина на седиштето: само 760 мм. Тоа значи дека нема никаков проблем во возењето во градските средини, каде доаѓа до израз неговата циклистика. Така е опремен што ниту еден друг custom мотоцикл не е достижен, со Marzocchi предна вилушка и двоен заден амортизер со можност за прилагодување и со доза на современост, како што е LCD заслонот. Сигурниот систем за сопирање, подобрените предни дискови со дијаметар 320 мм со клешти со 4 клипа со поддршка на задниот диск со дијаметар од 260 мм. Подобрените карактеристики на моторот се развиени благодарение на прецизното електронско вбризгување, кое е повторно дизајнирано како би се намалила емисијата на штетни гасови, а тоа е резултат на новиот патен катализатор со поголема концентрација на метали. За новата сезона, моделот Nevada Classic 750 се обновува и во естетски поглед, добива нови графики и нови бои: "Bordeaux", "Black Guzzi" и посебна верзија со посебна графика во бисерно бела и сатенска боја "Aquila Nera".